За 4 месеци продадени едвај 1.354 нови автомобили

Bez autora
Jun 20 2012

Колку нови автомобили се купуваат во една земја е мерило за стандардот на граѓаните. Па така, колку реално оваа бројка се намалува, тоа покажува дека опаѓа и куповната моќ на граѓаните. Економската криза си го зема данокот, се помалку се посетуваат автосалоните. На официјалниот сајт на Царинската управа на РМ, заклучно со 30 април годинава, царинети се 11.629 возила, од кои само 1.354 се нови автомобили, а 9.058 се стари, додека 819 товарни возила (стари и нови) ја поминале царината и уште 398 автобуси и минибуси. Бројките потврдуваат дека намален е и увозот на товарните моторни возила. Анализите на Царината велат дека годинава за првите 4 месеци купени се 300 нови моторни возила и 519 употребувани. Обновен е и возниот парк на автобуси и минибуси и тоа за 140 нови и 358 стари возила.

За 4 месеци продадени едвај 1.354 нови автомобилиКолку нови автомобили се купуваат во една земја е мерило за стандардот на граѓаните. Па така, колку реално оваа бројка се намалува, тоа покажува дека опаѓа и куповната моќ на граѓаните.

Економската криза си го зема данокот, се помалку се посетуваат автосалоните. На официјалниот сајт на Царинската управа на РМ, заклучно со 30 април годинава, царинети се 11.629 возила, од кои само 1.354 се нови автомобили, а 9.058 се стари, додека 819 товарни возила (стари и нови) ја поминале царината и уште 398 автобуси и минибуси.

Бројките потврдуваат дека намален е и увозот на товарните моторни возила. Анализите на Царината велат дека годинава за првите 4 месеци купени се 300 нови моторни возила и 519 употребувани. Обновен е и возниот парк на автобуси и минибуси и тоа за 140 нови и 358 стари возила.

Анализите укажуваат дека има намалување на бројот на купени возила доколку се споредат со изминативе две години, бидејќи до април лани царинети се вкупно 14.243 возила од кои 2.152 нови, а 11.353 стари возила. Поголема е бројката на царинети возила и во 2010 година кога заклучно со месец април царинети се 14.818 увезени возила, од кои нови се 2.547 патнички автомобили, а стари се 10.836 автомобили.

Купувањето на автомобилите во однос на лани е намалено за 15%, а во однос на 2010 година намалувањето е околу 20%.

Од Стопанската комора на Македонија ни посочија дека во услови кога има криза, заради престиж се купуваат и скапи автомобили и џипови. Според нив, психологијата на богатите луѓе покажува дека кога е светска криза да не се покаже оти нивниот капитал е на стаклени нозе. Дилерите од автомобилскиот сектор потврдуваат дека лани се продале околу 20 спортски премиум автомобили, стотина луксузни џипови и приближно 80 премиум возила.

Во Македонија најмногу се купуваат автомобили од бреновите опел, фолксваген, шевролет, форд и пежо.

Статистиката покажува дека за 20% е намалена продажбата и на возилата во соседна Србија. Нашите северни соседи купуваат повеќе стари возила, а за чалам се купуваат главно џипови. Според нив, модата на џипови е заради турските филмови оти таму секој добар фраер вози џип.

Додека бугарските граѓани заради кризата во Грција масовно купуваат стари возила од оваа земја по многу поевтини цени, бугарски "Блиц" деновиве пренесува дека Бугарите купуваат стари возила кои се во просек и до 1.000 евра поевтини во однос на истите во Бугарија. Весникот вели дека масовно се купуваат и автомобилски резервни делови.

За разлика од Македонија, во Хрватска, иако земјата се движи кон рецесија, лани е забележана рекордна продажба на 2.650 луксузни возила и тоа меѓу нив и капиталци, како што се ролс-ројс, бентли, ферари, кадилак.

Во светот најмногу возила има во САД каде на 1.000 жители има по 800 возила, потоа следува Италија и Франција со околу 700 возила на 1.000 жители, а во третата група се Германија, Јапонија и Канада каде има до 600 возила на 1.000 жители.

Во Србија и Македонија бројката е 200 возила на 1.000 жители.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik